1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ни трага од примирје во Дебалцеве

Франк Лукеит/бг17 февруари 2015

Илјадници украински војници и натаму се опколени во важната сообраќајна крстосница. Проруските сепаратисти тврдат дека имаат право да ги продолжат борбите во Дебалцеве.

https://p.dw.com/p/1EdEY
Фотографија: Reuters/B. Ratner

Проруските сепаратисти ги продолжуваат борбите за освојување на источно-украинскиот град Дебалцеве. И покрај договореното примирје. Имаат и право на тоа, изјави еден бунтовнички претставник за странска новинска агенција.

Вчера имаше тешки борби со неброени жртви на обете страни. Линијата на фронтот е во непосредна близина.

„Украинците се на 100 метри од нас. Нашите први единици веќе влегоа во Дебалцеве, на неговата периферија“, вели еден проруски бунтовник.

Погледнете го видеото на оваа тема:

Ни трага од примирје во Дебалцеве

Дебалцеве е важен сообраќаен пункт кој ги поврзува двете упоришта на бунтовниците, Доњецк и Луганск. Затоа за градот се водат тешки борби. Во градот, според тврдењата, се наоѓаат илјадници украински војници кои се опколени.

„Што се однесува до Дебалцеве, секако ќе го освоиме, затоа што Дебалцеве е наша земја. Не е украинска“, тврдат бунтовниците.

При ова освојување, бунтовниците не сакаат никакви набљудувачи. Сепаратистите и го оневозможуваат пристапот на мисијата на ОБСЕ. Тоа го потврди и вториот човек на мисијата на ОБСЕ во земјата, Александер Хуг.

„Што се однесува до Дебалцеве, само слушнавме извештаи и обвинувања за инциденти и гранатирање. Затоа е важно мисијата да добие пристап до Дебалцеве“.

Досега имаше само телевизиски снимки кои ги прикажуваат борбите на сепаратистите и украинската армија. Притоа, секоја страна се обидува да ја прикаже само својата вистина.