Половина Норвешка вози на струја
5 јануари 2021Според анализата на норвешкиот Совет за сообраќај, електричните возила веќе достигнале удел од 54,3 отсто на пазарот на нови возила минатата година, зголемување во однос на достигнатите 42,4 проценти претходната 2019.
Четирите најдобро продавани модели во нордиската држава биле „Ауди и-трон“, „Тесла Модел 3“, „Фолксваген ИД.3“ и „Нисан Лиф“- сите целосно електрични.
Во декември, продажбата на електрични возила во Норвешка достигна нов рекорд од 66,7 проценти. Бројките биле зголемени благодарение на пристигнувањето на нови модели на возила, велат од Советот.
Норвешка се обидува да стане првата држава во светот каде ќе запре продажбата на возила на бензин и дизел до 2025 година, и притоа ги ослободува целосно електричните возила од плаќање данок и други давачки.