1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стајлинг- асистент за мажи

Мика Каил/ Александа Трајковска 30 мај 2014

Две берлинчанки во 2011 година го формираа старт-ап претпријатието „Outfittery“. Заедно со нивните експерти за стил на муштериите им бираат и испраќаат облека. Досега нивни клиенти се исклучиво мажи.

https://p.dw.com/p/1C6vA
Фотографија: Fotolia/detailblick

За разлика од повеќето жени на многу мажи желбата за купување им минува брзо. Според анкетите жените одат почесто, подолго и пред сѐ радо да купуваат. Тоа не е така кај просечните мажи.

Онлајн-шопот „Outfittery“ ветува помош за оние кои се мрзливи да одат да купуваат. Сервисот е бесплатен. Муштеријата пополнува еден формулар, и според тоа добива личен стилист. Другите детали се договараат по телефон.

„Вообичаено шопингот честопати не им причинува задоволство на мажите. Саботите тие порадо ги минуваат со семејството или гледаат фудбал со пријателите. Ние сакаме да ги растовариме мажите и затоа купуваме за нив“, вели коосоновачкаа Јулија Беш.

Во старт-ап претпријатието во Берлин во меѓувреме работат 100 соработници. Идејата за личен шопинг-асиситен потекнува од САД и во Германија станува сѐ поомилена. Стилистката Марија Аренс подвлекува: „Се обидуваме колку што може подобро да ги запознаеме нашите муштерии. Потоа избираме облека, која одговара на неговиот личен стил и се разбира на актуелнтие потреби.“

Schlussverkauf in Berlin
Жените порадо купуваат од мажитеФотографија: picture-alliance/dpa

Претпријатието, според сопствени наводи, веќе има 100.000 муштерии. Еден од нив е Сајмон Смед. „На мојата девојка ѝ причинува задоволство да ми избира облека. Понекогаш ситуацијата е комплицирана кога нејзе нешто и се допаѓа, а мене не. Или обратно. Тоа што оваа улога сега ја презема стилистика досега се покажа многу добро“.

Стилистките на онлајн порталот изработуваат најмалку две комбинации за нивните муштерии. Цените се исти како во малопродажба.

„Тој се чини дека ги сака боите. Тој носи нешто со портокалово и зелено и очигледно сака и интресни принтови. Би му препорачала можеби да се обиде со шарена карирана кошула“, вели Аренс.

„Outfittery“ се смета за една од најуспешните берлински старт-ап фирми во последните години. Во меѓувреме онлајн- испорачка има и во Австрија, Швајцарија и Холандија.