Украина ја обвинува Русија за фрлање фосфорни бомби
2 јули 2022Шефот на украинскиот Генералштаб, Валериј Салушниј, на Телеграм презентираше видео снимка која би требало да е доказ за бомбардирањето на Змискиот остров со фосфорни бомби. „Единственото во што противникот е консеквентен е непроменетата 'прецизност'“, нагласува тој иронично, укажувајќи на веројатно промашените цели.
Ден претходноруската армија се повлече од островот.Москва тоа го претстави како „гест на добра волја“. Киев, пак, смета дека е тоа украинска победа како резултат на зачестените напади. За успех на украинската армија зборува и американската влада. „Украинците им ги направија на Русите многу тешки нивните операции таму“, се вели од Пентагон.
Змискиот остов се наоѓа на околу 35 километри пред делтата на Дунав и беше непристапно воено подрачје уште пред почетокот на руската инвазија на Украина. Островот беше нападнат од страна на Русија на вториот ден од војната, на крајот од февруари.