Конфликти
Фотографија на денот: Музика за мир
17 март 2022Реклама
Давиде Мартело, познат и како „Piano Man“ на полско-украинскиот граничен премин Корчова свири на пијано за бегалците. На овој граничен премин доаѓаат многу луѓе кои бегаат од војната во Украина. Пристигнуваат со воз, а потоа се префрлаат во автобуси и го продолжуваат патувањето.
Со својот ангажман музичарот Мартело сака да испрати порака за мир. Тој има свирено и на демонстрациите на плоштадот Таксим во Турција, по руската анексија на Крим, како и по терористичките напади во Париз.