Снег на Балканот
25 декември 2024Реклама
Иако фотографијата пренесува зимска идилична атмосфера, снегот во Босна и Херцеговина и Хрватска предизвика големи пречки во сообраќајот. Во БиХ, поради големиот снег, затворени се седум патишта и тоа за секаков вид возила. Делови од земјата имаат проблеми и со снабдувањето со електрична енергија, поради тоа што има оштетувања на мрежата од снегот и бурата.
Во Хватска беше затворен дел од автопатот кој води кон брегот. На други патишта има забрани за движење на тешки товарни возила.