1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Магарешко кино

Арбнора Мемети
17 октомври 2024

Ако немате можност да одите во кино, киното можеби ќе ви дојде дома! Преку бесплатни проекции под отворено небо, Патувачкото кино на фестивалот „МакеДокс“ им овозможува на жителите на руралните средини да уживаат во филмската уметност. Таканареченото „Магарешко кино“ го полни самарот со приказни до кои ретко се допира.

https://p.dw.com/p/4luMM

Со идејата за децентрализација на културните настани, „МакеДокс“ го носи филмот поблиску до жителите на руралните средини, овозможувајќи им да уживаат во кино проекции во нивните села.

Киро Шопов од „МакеДокс“ објаснува:

„Сакавме да дадеме придонес за децентрализација на културата, бидејќи фокусот е ставен во два-три центри, или еден во нашата држава.“

Проекциите на филмовите годинава беа реализирани во соработка со фестивалот Манаки,
а во фокус беа селата од Битолскиот и Демирхисарскиот регион.

Повеќе во видеото!