Шолц повикува на заедништво и оптимизам за 2025 година
31 декември 2024Германскиот канцелар Олаф Шолц повикува на единство во пресрет на новата година - и на што поголем одзив на граѓаните на претстојните избори за Бундестагот. Секој што ќе погледне во денешниот свет знае „какво огромно достигнување претставуваат слободните и тајните избори“, вели Шолц во своето новогодишно обраќање, чиј текст е однапред објавен. Тој апелира до Германците да не дозволуваат на изборите некој од надвор да влијае врз нив.
„ За тоа како ќе натаму се развиваат работите во Германија одлучувате вие, граѓанките и граѓаните . За ова не одлучуваат сопствениците на социјалните мрежи“, вели Шолц. Иако не го спомна име, очигледно е дека ова се однесува на Илон Маск , сопственикот на платформата X. Овој милијардер, кој припаѓа на тимот на идниот американски претседател Доналд Трамп, интензивно ја поддржува Алтернативата за Германија (АфД) . Таквото странско влијание е невообичаено во демократските земји и предизвика критики од мнозинството германски политичари
„Не одлучува оној, кој најгласно вика“
Генерално, во дискусиите може да се добие впечаток дека „колку е поекстремно мислењето, толку е поголемо вниманието“, продолжува Шолц. А потоа истакнува дека како ќе се развива Германија не одлучува тој што најгласно вика: „Туку, огромното мнозинство на разумни и пристојни луѓе“. Ова важи и за претстојните избори, додаде канцеларот.
Вонредните парламентарни избори се неопходни поради распадот на владината коалиција во Берлин, популарно наречена семафор-коалиција. Изборите ќе се одржат на 23 февруари.
„Таквите работи нè разделуваат и нè ослабуваат“,
Шолц, осврнувајќи се на нападот на божиќниот панаѓур во Магдебург, исто така повика да не се дозволи сомнителната содржина на социјалните мрежи „да ги свртува луѓето едни против други“. По нападот беа потребни само неколку минути секакви гласини за да го преплават интернетот, вели канцеларот. И додава дека многу од нив се покажале како невистинити. „Таквите работи не разделуваат и не ослабуваат. Ваквите работи не се добри за нашата земја“, предупредува Шолц, кој го започнува своето обраќање со потсетување на жртвите на нападот, заблагодарувајќи им се притоа на сите кои помогнаа во тешките моменти од трагедијата во Магдебург.
Полицијата и итните служби делуваа високо професионално во таа страшна ноќ, иако многумина беа во шок, нагласува Шолц. И додава дека на помош спонтано дошле многу посетители на божиќниот панаѓур. „Такви сме ние. Тоа е Германија“, вели канцеларката. „Ние не сме земја на едни против други, ниту земја во која се игнорираме меѓусебно. Туку земја на заедништво.“, вели Шолц, нагласувајќи дека Германија може да црпи сила од ова - „особено во тешки времиња како овие“.
Странците „дел од успешната приказна на Германија“
Канцеларот во обраќањето признава дека економијата минува низ криза, оти животот станал поскап и дека многумина со зголемена загриженост гледаат на руската војна против Украина . Со оглед на ваквата загриженост, не е чудно што многумина се прашуваат како ќе се развиваат работите во Германија, вели Шолц. А неговиот одговор е: „Нашето единство не прави силни. Нашата судбина е во наши раце. Можеме 2025 да ја направиме добра година“, рече Шолц.
Тој натаму нагласува дека Германија е трета по големина економија во светот, иако сочинува само еден процент од светската популација. Меѓу вредните луѓе кои го овозможуваат тоа се „многумина од други земји, кои работат овде и одамна станаа дел од успешната приказна на Германија“, потсетува Шолц. Германија не смее да дозволи никој да ја дели, апелира германскиот во новогодишното обраќање,