1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаСоединети Американски Држави

Вредноста на биткоин за првпат надмина 100.000 долари

СН/агенции
5 декември 2024

За првпат, биткоин чини повеќе од 100.000 долари. Во текот на ноќта, цената на најпознатата криптовалута нагло скокна и оствари рекордна вредност - и поради изборната победа на Доналд Трамп.

https://p.dw.com/p/4nlcX
Symbolbild Bitcoin
Фотографија: Benoit Tessier/REUTERS

16 години по пуштањето во употреба на биткоин, вредноста на криптовалутата за првпат надмина 100.000 долари. Најстарата  дигитална валута синоќа нагло се искачи на финансиските пазари и уривапе еден рекорд по друг. Во еден момент  цената изнесуваше 103.620 долари а во раните утрински часови беше малку пониска на околу 102.600 долари.

„Ефектот Трамп“

Вредноста на најпознатата криптовалута во светот е зголемена поради растечките надежи дека новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ќе усвои низа политики кои ги поддржуваат криптовалутите.

Доналд Трамп важи за силен поддржувач на криптовалутите
Доналд Трамп важи за силен поддржувач на криптовалутитеФотографија: Mark Humphrey/AP/picture alliance

Оваа година, цената на биткоинот се зголеми повеќе од двојно и е зголемена за околу 45 отсто во четирите недели откако Трамп победи на изборите. Биткоинот ја достигна највисоката цена досега неколку часа откако Трамп рече дека ќе го номинира поранешниот комесар на Комисија за хартии од вредност Пол Аткинс, кој е поборник за криптовалути, за шеф на Комисијата за хартии од вредност.

Илон Маск и биткоинот - „љубовна афера“ од интерес?

Многумина сметаат дека Аткинс е многу понаклонет кон криптовалутите од сегашниот шеф на Комисијата за хартии од вредност, Гери Генслер. Преминувањето на вредноста од 100.000 предизвика големо славење меѓу љубителите на криптовалутите ширум светот.