Сапун од козјо млеко - органски и исплатливо
31 октомври 2020Реклама
Семејството Стојневи произведува органски сапун од козјо млеко.
„Идејата ми е од мојата баба Фима. Ми текна бидејќи ни раскажуваше како порано немало со што да ги капат децата, а имало кози, и правеле сапун за деца. И едно време се сетив и му викам на Марјан ’Синко дај да пробаме ние““, раскажува Малинка Стојнева.
Рецептот добиен како наследство, во производството ги вклучува сите членови на семејството. Иако рецептот за сапун е тајна, тој има специфики кои го прават уникатен производ.
Што го прави сапунот различен од другите и од каде доаѓаат барањата за негов пласман во странство, погледнете во видеото: