Воена реторика и војна на нерви на сите страни
25 април 2014Како средбата во Женева никогаш да не се случи: Една недела по договорот за мировен план за Украина, воената реторика ја заострува ситуацијата. Владите во Вашингтон и во Москва меѓусебно се обвинуваат дека ги кршат договорите. ОН опоменаа- да не се дозволи состојбата воено да ескалира. Повикот на германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер за посредници од ОБСЕ досега остана неслушнат. Тој апелираше до сите страни „да се заврши ова лудило“.
Напротив, се чини во моментов ниту една од страните во конфликтот нема интерес да ја заврши војната на нервите. Американскиот министер за надворешни работи Џон Кери повторно ѝ се закани на Русија со заострување на санкциите. Од друга страна шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го обвини Западот за геополитички игри за правласт околу Украина. ЕУ и САД само сакаат Украина да биде под нивно влијание, а не се интересираат за луѓето во земјата, рекол Лавров во Москва, според агенцијата Интерфакс. Европајците и Американците се одлучни нивиот „револуционерен проект“ во екс-советската република да го спроведат по секоја цена до крај, смета Лавров.
На преодната влада во Киев Лавров ѝ префрли „крваво злосторство“: ангажманот на украинските сили за безбедност портив проруските сепаратисти на истокот на земјата е „војна против сопствениот народ“. „Оние кои ја принудија армијата да го стори тоа ќе платат за тоа и ќе мора да одговараат“. Амбасадорот на Русија во ОН Витали Чуркин во игра внесе вонредна седница на Советот за безбедност на ОН.
Во телефонски разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел побара Москва да се придржува до договорите од Женева. Портпаролот на владата во Берлин Штефан Зајберт рече дека Русија досега не спровела ниту едно ветување од Женева. Кремљ би требало јавно да ги повика вооружените сепаратисти да не применуваат насилство и да го положат нивното оружје.
Во моментов Русија и натаму покажува воени мускули. Армијата вчера започна голем маневар на руско-украинската граница. НАТО смета дека Русија во граничниот регион распоредила 40.000 војници. Според наводи на украинското Министерство за одбрана, руските единици се приближиле на еден километар од границата. Руските војници меѓутоа не ја преминале границата.
Јацењук предупредува од „трета светска војна“
Русија сака воено и политички да ја запоседне неговата земја, предупреди украинскиот преоден премиер Арсени Јацењук и ја обвини владата во Москва дека сака да почне „трета светска војна“. Обидите на Русија намерно да предизвика конфликт во соседната земја, би довело до воен судир во Европа.
И покрај руските предупредувања преодната влада во Киев ја продолжи „Анти терористичката акција“ (ATO) на истокот на земјата. Поинаквите информации се погрешни, напиша министерот за надворешни работи Арсен Аваков на Фејсбук. „Нема прекинување на акцијата поврзано со заканите од инвазија на русктите сили за безбедност“, напиша Аваков . „АТО и натаму продолжува. Терористите би требало постојано да внимаваат. Цивилите не треба ништо да стравуваат“:
Состојбата во многу источноукраински градови е непрегледна. Во Краматорск очигледно дојде до престрелка на аеродромот. Ова го извести репортер на првата програма на германската телевизија преку Твитер. Очигледно експлодирал хеликоптер со муниција.
Специјалните единици вчера, според наводи на Министерството за внатрешни работи во Киев, во близина на градот Славјанск во борба застрелале пет про-руски сепаратисти и со тоа уште повеќе се зголемија тензиите со Русија.