Зеленски подготвен за разговори, но не во Белорусија
27 февруари 2022Украинскиот претседател не сака да води разговори со Москва во Белорусија, чија територија е искористена за инвазијата на Русија врз неговата земја.
Ние ги предложивме „Варшава, Братислава, Будимпешта, Истанбул, Баку“, наведува Зеленски. Според советник на Зеленски, руските потези се тактички.
Зеленски денеска информира и дека Москва бомбардирала станбени области во Украина и дека нејзините сили се обидуваат да се пробијат подлабоко во внатрешноста на земјата. „Минатата ноќ во Украина беше брутална, повторно пукање, повторно бомбардирање на станбени области, цивилна инфраструктура“, рече Зеленски во обраќањето објавено на интернет.
- повеќе: Пресврт во Берлин: Германија ќе испорача оружје за Украина и ќе прифати СВИФТ санкции за Русија
Руска делегација, според наводи на Кремљ, веќе отпатувала на преговори со Украина во Белорусија. „Врз основа на договореното“, како што се вели, претставници на руските министерства за надворешни работи, за одбрана и луѓе од претседателскиот кабинет веќе пристигнаа во градот Гомел, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за агенцијата Тас. „Ние сме подготвени да ги почнеме преговорите во Гомел“, вели Песков. Кремљ наведува дека руска делегација во петокот отпатувала на преговори во белорускиот главен град Минск, но уркаинската страна по извесна пауза веќе не се јавила, по што продолжиле нападите врз Украина.