Македонија со скок од 12 места на „Дуинг бизнис“
20 октомври 2011Македонија направила скок од 12 места во Извештајот за условите за водење бизнис за 2012 година . Земјата во новиот извештај „Дуинг бизнис“, кој го составуваат Светска Банка и Меѓународната финансиска корпорација, се наоѓа на 22-ро место меѓу 183 земји, наспроти 34 во минатогодишниот извештај. Скокот се должи на реформите спроведени во четири области кои се опфатени со извештајот.
Македонија, според рангирањето во „Дуинг бизнис“, е далеку пред останатите земји во регионот. Наредна е Црна Гора која стагнираше на 56-то место, потоа следува Хрватска, која назадувала едно место и сега е на 80-та позиција, Албанија е на 82-ро место, пет места пониско од минатата година, Србија забележала пад од четири позиции и на новата листа е 92-ра, а натаму следуваат членката на ЕУ-Грција на 100-то место, Косово, кое е посебно рангирано во извештајот и се најде на 117-то место и Босна и Херцеговина која е на 125-та позиција.
Автор:СН/ЖА/дб/бета
Редактор: Жана Ацеска