Москва-Киев: Спорот околу гасот се заострува
27 февруари 2015Во главната централа на „Гаспром“, во јужниот дел од Москва, се крои руската енергетска политика: кој колку гас ќе добие решава моќниот концерн во договор со Кремљ. Моментно овде се чека на пари од украинскиот нафтен концерн „Нафтогас“-претплата за март, чиј рок е до крајот на месецов. Ако парите не стигнат, „Гаспром“ се заканува со консеквенци, како што истакнува портпаролот на концернот, Сергеј Купријанов:
„Уплатата на Украина е доволна за испорака на гас само уште до викенд. Ако Киев не плати, невозможно е да продолжиме со испорака на гас. Нафтогас треба брзо да најде пари.“
Навистина, „Нафтогас“ уплати во меѓувреме пари кои се доволни меѓутоа само за еден ден, тоа само дава можност накратко да се земе здив.
Оружјето моментно молчи, но се чини војната продолжува со други средства: со пари и гас.