Здравје
Повеќе „био“ во време на корона
2 јули 2020Реклама
Кравите на фармерот Хубертус Хартман пасат на отворено. Добро им е и на животните и на стопанот.
„Во последно време има голема побарувачка од муштериите. Сосема сум задоволен како сега одат работите“, вели тој.
И на свињите на Хартман им е подобро отколку оние во браншата на масовно одгледување животни. Голем дел од месото оди на преработка во кланицата на здружението во Рурската област. Здружените, околу сто, фармери неделно доставуваат 25 говеда и 300 свињи. 40 вработени во кланицата го преработуваат месото. Тоа е само трунка од она што го има конкуренцијата во конвенционалните кланици. „Био“ е подобро за животните и, барем тука, и за вработените.
Зошто е тоа така, погледнете во видеото: