1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путиновите пет години

16 август 2004

Пред 5 години на 16 август 1999 година парламентот во Москва со 233 гласови “за“ и 84 “против“ го потврди дотогашниот шеф на тајната служба Владимир Путин за нов премиер на Русија. Неколку месеци подоцна Путин стана претседател на Руската федерација.

https://p.dw.com/p/Ad6t
Кога ќе намали сиромаштијата? Путин во ОН
Кога ќе намали сиромаштијата? Путин во ОНФотографија: AP

Најнапред несигурни, а потоа одушевени, Русите денес како да се дистанцираат од нивниот претседател. Посебно оние што мораат да живеат на работ на егзистенцијата, а нив ги има околу 30 милиони, или скоро една четвртина од населнието на земјата. Од друга страна, има луѓе на кои им оди многу добро:

“Имаме една “Мазда“, мал автомбоил, но за нас помалку или повеќе е доволно. Но, во лето кога треба да префрлиме некои работи во дачата, тогаш би било подобро да имаме поголем“.

Валери, околу 40, е оженет за Марика, околу 30. Живеат со малиот син во голем сопствен стан. Марика и Валери за време на студирањето го запознале и германскиот јазик. Таа работи за една австриска банка, тој фомирал фирма што увезува козметика. За приходите не сакаат да зборуваат, но се вбројуват во рускиот среден слој, кој бавно се развива и може да стигне до приход од илјада и 500 евра. Тоа десетпати повеќе од просечните месечни примања во Русија, имено 150 евра. Егзистенцијалниот минимум изнесува 63 евра, но преку 30 милиони Руси го немаат ни тоа. Можат да преживеат единствено благодарение на нивните дачи каде што самите одгледуваат зеленчук или компир и веројатно дел од тоа продаваат по тротоарите. И просечната пензија во Русија е околу 60 евра. Нивниот износ во последните години постојано растеше и беа навреме исплаќани. Претседателот Валдимир Путин ја стабилизираше политичката и социјалната ситуација во земјата. Тоа меѓу населението наиде на почит кое со големо мнозинство повторно го избра. Од порастот на цените на нафтата и гасот во Русија влегуваат милијарди долари, економијата е во пораст веќе шеста година, но од тоа профитираат само малкумина. Расчекорот меѓу сиромашните и богатите расте. Во Русија живеат 36 доларски милијардери и 84 илјади милионери. Освен тоа, во Москва, Санкт Петерсбург и во другите големи градови растат групите што заработуваат многу добро.

Претседателот Путин повеќепати најави дека има намера да направи нешто против сиромаштијата. И во говорот во мај, во обраќањето до нацијата, подвлече колку е важно да се решат социјалните проблеми:

“Пристап за сите до здравството и образованието, како и изградбата нови станови ќе ни помогне да го ублажиме проблемот на сиромаштијата. Околу 30 милиони луѓе денес живеат под егзистанецијалниот минимум. Тоа е огромен број. Притоа, најголемиот број сиромашни се работоспособни луѓе. Тоа подразбира дека настојувањата на државата и на економијата треба да бидат насочени кон создавање нови работни места“.

Меѓутоа, не може да се согледа со кои конкретни мерки Путин сака да ја намали сиромаштијата. Напротив: штотуку усвоената социјална реформа ги укинува погодностите за ветераните и јунаците на трудот како бесплатното користење на јавниот сообраќај и поефтиното телефонирање, а ја зголемува пензијата за некој грош. Тоа ќе ја влоши финансиската ситуација на многумина Руси. Една пензионерка за претседателот Путин налутено вели:

“Мислев дека е добар, гласав за него, но тој не направи ништо добро за нас. Сегашната влада е за никаде. Јас сум разочарана во мојата земја. Да бев помлада, без рамислување ќе се преселев“.