Украинците сметат дека се во војна, Русите не
5 јануари 2015Односите меѓу Русија и Украина се целосто заладени. Населението во Украина нема илузии- дури 81 процент од испитаниците смета дека нивната земја се наоѓа во војна или во воен конфликт со поголемиот сосед.
Наспроти тоа, во Русија повеќе од половина од граѓаните (54 насто) не сметаат дека нивната земја е во војна со Украина. Тоа се резултатите на анкетата на ДВ-тренд за декември.
Русија ја губи поддршката
Само 10 проценти од Украинците надвор од областите Крим и Доњецк и понатаму ја гледа Русија како партнер или пријателска земја. Пред една година тој процент изнесуваше 40 насто, додека 15 проценти од Украинците беа неутрални. Се забележува дека Русија губи поддршка и во традиционално проруските настроени региони на истокот и југот на Украина. Таму дури 81 насто од луѓето гледаат на односите како на затегнати или непријателски. Исто така, 71 процент од Русите во меѓувреме ги оценуваат односите со Украина како затегнати или непријателски.
Патриотизмот има граници
Кај многу Руси патриотизмот по прашањето за Крим запира пред паричникот. Две третини од испитаниците велат дека не се подготвени да се откажат од дел од своите приходи за цел на економско закрепнување на Крим. Очигледно дека поготвеноста на жртвување е многу помала отколку што на тоа сметаше Кремљ. Ситуацијата би можела да се влоши за време на кризата на рубљата.
Од друга страна, убедливо мнозинство од Украинците не веруваат дека ќе биде можно Крим да се врати под контрола на Кремљ.
Репрезентативното испитување на јавното мислење по налог на Дојче Веле го спроведе Институтот за истражување на јавно мислење ИФАК со седиште во Киев. За таа цел телефонски на територијата на Русија и Украина се испитани по 1.000 лица на возраст меѓу 18 и 65 години и тоа во градови со над 50.000 жители. Истражувањето и анкетата не можеа да се спроведат во украинските региони кои ги контролираат проруските сепаратисти, како ни на Крим. Официјален Киев, имено, забрани секаква комуникација со тие подрачја, посебно со органите на власта на сепаратистите и ја оценува како поддршка на тероризмот. Бидејќи испитувањата не можеа да бидат спроведени без согласност на властите во тие области, во тие области не беше извршено анкетирање.