1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Фотографија на денот: Запален руски пасош

ЕМФ | афп
27 февруари 2022

Рускиот пасош на оваа фотографија е запален на протестите пред руската амбасада во Тел Авив.

https://p.dw.com/p/47fHm
BdTD | Israel
Фотографија: Jack Guez/AFP/Getty Images

Ширум светот вчера безброј луѓе излегоа на протести против руската инвазија на Украина и за да им изразат солидарност на Украинците.

На протестите во Швајцарија се бараше поостар однос на швајцарската влада кон Москва, во Финска илјадници луѓе во Хелсинки скандираа: „Русија надвор, долу Путин!“. Во Рим протести има уште од петокот, а во Лондон демонстрантите со вештачка крв го премачкаа уличниот знак пред руската амбасада на кој стои „Плоштад Ст. Петербург“. Во грузискиот главен град Тбилиси околу 30.000 демонстранти ги пееја украинската и грузиската химна, во Буенос Аирес се протестираше со барање за повлекување на руската армија од Украина. Во канадски Монтреал се демонстрираше против војна и покрај снежната бура. Протести имаше и во Њујорк, Вашингтон, Тајван, Бразил, Германија...

Против руската инвазија, и покрај стриктната забрана за демонстрации, се протестира и во Русија. Според наводи на активисти за човекови права, само во текот на вчерашниот ден биле уапсени 467 демонтанти. Невладината организација ОВД-Инфо јави дека од четвртокот досега на антивоените демонстрации во Русија се уапсени 3052 лица.