Конфликти
Фотографија на денот: Тешка ноќ за Киев
26 февруари 2022Реклама
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Украинците на одбрана на главниот град, велејќи: „Судбината на нашата земја се одлучува токму сега“.
Додека од периферните делови на градот доаѓаат информации за експлозии и борби, населението во Киев се обидува да ги преземе сите расположливи мерки за поголема безбедност. На оваа фотографија е прикажана станбена зграда во главниот град на Украина, каде струјата е изгасната за објектот да биде што е можно помалку забележлив. Фотографот на агенцијата АП го има фатено моментот кога во висококатницата е осветлен само еден прозорец.