Латвискиот музичар Интарс Бусулис некогаш беше ѕвезда во Русија. Но, откако Москва ја започна агресорската војна против Украина, која тој јавно ја осудува, неговите руски обожаватели се вртат против него. На интернет и на улица доживува напади. Бусулис е категоричен - не сака да отиде во Русија додека Путин е на власт.